Традиционален планинарски марш во чест на Борис Трајковски

20 планинари од Струмица, Радовиш и Гевгелија и годинава тргнаа на марш во чест на Борис Трајковски од пред неговиот споменик во Струмица. 17 години по ред тие пешачат од Струмица до Скопје и на ваков начин му оддаваат по-чит на  загинатиот претседател. Заради пандемијата и годинава исто како и лани маршрутата ќе биде скратена, но крајната цел останува иста, на 26 февруари денот кога за-гина претседателот Трајковски да пристигнат до неговото вечно почивалиште.

Полициски билтен: физички напад во Иловица

На 21.02.2022 во 16:20 часот во Полициското одделение Ново село, А.С.(22) од село Иловица, струмичко, пријавил дека околу 12:00 часот во село Иловица бил физички нападнат од С.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пожарникарите гаснеа запалени оранжерии, сува трева и трски

Денеска во 17:37 часот во атарот на село Куклиш, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 9 пожарникари – спасители интервенираше на гаснење на запалени оранжерии, сува трева и трски. Пожарот зафати површина од околу 3 хектари.

ЕУ амбасадорите во посета на Галеријата на икони

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по повод првиот роденден на „Европската куќа“ заедно со делегацијата амбасадори составена од Дејвид Гер,амбасадор на Европската Унија, Џулијан Васало,заменик-амбасадор на Европската Унија, Анке Холштајн,амбасадорка на Германија, Милан Предан амабасадор на Словенија, Нивeс Тингањ,амбасадорка на Хрватска и Димитар Карастојанов заменик амбасадор на Бугарија ја посетија Галеријата на икони во црквата […]

Двајца починати, еден нов и 51 оздравени од Ковид-19 во

Во последните 24 часа направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 180• Кавадарци – 19• Куманово, Прилеп и Неготино – по 6• Велес – 4• Гостивар и Крива Паланка – по 2• Битола, Струмица-1, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1. […]

Една година успешна работа на “Европската куќа“ во Струмица

По повод една година активно работење на “Europe House“ Струмица, денес во официјална посета на Општината престојуваат значајни претставници од дипломатскиот кор во нашата земја. Делегацијата составена од Дејвид Гер, Амбасадор на Европската Унија во Р. Северна Македонија, Џулијан Васало, Заменик-Амбасадор на Европската Унија во државата, Анке Холштајн, Амбасадорка на Германија во Р. Северна Македонија, […]

Приведени двајца дилери, полицијата им пронашла кокаин

На 19.02.2022 во 22.00 часот во близина на угостителски објект на ул.„Кирил и Методиј“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.И.(46) од село Добрашинци, струмичко и А.Т.(28) од Струмица. При преглед во возилото „сеат леон“, во кое се превезувале, бил пронајден и одземен кокаин.   На 20.02.2022, врз основа на […]

ПЕНЗИОНЕРИ! Примете ја пензијата во вашиот дом преку „Пошта на

Пошта е е партнер на „Халкбанка“ и „НЛБ Банка“ за исплата на пензиите во вашиот дом! Пошта пресметува минимален надоместок за исплата на пензијата до домот! Ви овозможуваме да го заштитите вашето здравје без чекање ред во банките на едноставен начин да ја примите својата пензија во вашиот дом! Ваше е само да отворите трансакциска […]

Приведени двајца криумчари на мигранти, поднесена кривична пријава

Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р.(23) и А.Б.(28), двајцата од сeло Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик. Пријавените, на 16.02.2022 во 20.50 […]

Струмица со 38 нови и 6 оздравени од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 575• Велес – 63• Куманово – 56• Битола – 54• Кавадарци – 44• Струмица – 38• Кичево – 33• Тетово – 32• Прилеп – 29• Гостивар – 24• Охрид – 20• Радовиш – 17• Гевгелија – […]