Денеска полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода T.М.(37) од село Василево, струмичко, откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања амфетамин и марихуана, соопштија од МВР. Тој бил приведен во полициска станица и за настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. […]
Подобрување и унапредување на етичката рамка за известување за поголема кредибилност на медиумите на пазарот и стекнување поголема доверба кај јавноста беше основата за дискусија на денешната онлајн средба на медиумските работници од Југоисточниот регион во земјава, заедно со Советот за етика во медиумите. На Средбата присуствуваа новинари, дописници и уредници кои дадоа свои видувања […]
Денеска во 11:30 часот во атарот на село Габрово, ТППЕ Струмица со 4 против пожарни возила и 9 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева, грмушки и дел од нискостеблеста шума. Пожарот кој зафати површина од околу 4 хектари е успешно локализиран и ликвидиран околу 17:30 часот.
ЈЗУ Здравствен Дом – Струмица во соработка со Министерство за здравство и поддршка од СЗО, УНИЦEФ и УСАИД утре организира караван за имунизација против Ковид-19. Караванот ќе се одржи на : 24-ти Март 2022 (Четврток) на градскиот плоштад во Струмица од (12 до 16 часот) и 25-ти Март 2022 (Петок) на центарот во Општина Ново […]
На 23.03.2022 во 00:10 часот во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода С.И.(34) од Струмица поради сомнение дека на 22.03.2022 околу 23.30 часот на улица во Струмица допирал струмичанка по телото, соопштија денеска од полицијата. По целосно расчистување на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (23.03.2022) околу 10>30 часот во атар на село Покрајчево, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го пронашле малолетникот Д.И.(9) од с.Јаргулица, радовишко. На 22.03.2022 во 22:20 часот во Полициската станица Радовиш, неговиот татко Љ.И.(41) пријавил дека тој се оддалечил од домот. Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната […]
Градоначалникот Костадин Костадинов со своите соработници и дел од членовите на Советот на општина Струмица го посетија реконструираното детско игралиште на улицата „11-ти Октомври“ или популарно наречено „Шпики“. Реконструирана е вкупна површина од околу 650 метри квадратни на којашто е изработена бетонска платформа, врз која е ставена гумирана подлога и врз неа нова комбинирана играчка. […]
Во последните 24 часа направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 50• Прилеп и Кавадарци – по 5• Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по1. Од вкупниот број на позитивни ( 64 ), регистрирани се 12 реинфекциии.Од вкупниот број на починати лица ( 4 ), кај […]
-На вториот ден од пролетта во Струмица го отворивме првиот зелен лавиринт, најголем во државата.Лавиринтот е долг 190 метри на површина од 625 метри квадратни, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Идејата е на децата, поддржана од мене, како градоначалник, а реализирана од ЈПКД „Комуналец“.Испраќаме силна порака: за чиста Струмица ни треба висока еколошка свест […]
Општина Босилово денес започна со реализација на една креативна и интересна кампања насловена како „Еколошка пролет во Босилово!“ Кампањата ќе се реализира во наредните два месеци и ќе опфати повеќе активности и настани, но она што посебно е интересно е тоа што општина Босилово денес ќе врши дистрибуција на овошни садници во замена за пластични […]