Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата на Република Северна Македонија, во координација со претседателот на Република Северна Македонија и Собранието на Република Северна Македонија за сите настани коишто традиционално се организираат по повод големиот празник, подготвува услови за спроведување на препораките од протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести. Тие услови оваа […]
Во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 54-Куманово 5-Дебар 4-Штип 18-Прилеп 1-Тетово 5-Струга 6-Битола 2-Охрид 3-Гостивар 16-Крушево 1-Демир Хисар 1-Свети Николе 2-Кичево 4-Ресен 1 Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица. Денеска Институтот за јавно здравје […]
Градежните активности во проектот „Доградба на фекален канализациски систем во Ново Село“ се одвиваат непречено и се одвиваат на улицата „10-ти Септември“. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 43.723.466,00 денари со вклучен ДДВ, а финансиските средства се обезбедени од страна на Министерството за транспорт и врски.
Објавен е Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2019 година, што го доделува Претседателот на Република Северна Македонија. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум категории. Право на учество имаат сите граѓан(к)и на Република Северна Македонија што […]
Пред спомен обележјето што општина Струмица го подигна во чест на четворицата храбри граѓани кои животите ги загубија во борбата со огнената стихија, денес беше одбележана осумгодишнината од големиот пожар во близина на месноста „Двата пата“, кој избувна на 23 јули 2012 година. На одбележувањето, покрај семејствата на загинатите присуствуваа и цвеќе положија делегација на […]
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев потпиша договор со матичниот клуб Џио Струмица и по тринаесетгодишна интернационална кариера повторно ќе игра во нашиот домашен шампионат, објави Одбојкарската федерација на Македонија на својата официјална страница. Покрај тоа што ќе биде големо играчко засилување за најуспешниот тим во последната деценија кај нас, Милев ќе ја извршува и функцијата […]
Вчера во Полициска станица Валандово, вработен во Територијалната противпожарна единица Валандово, пријавил дека на место викано „Дата јавори“, атар на Валандово, избувнал пожар во кој биле опожарени околу 2 хектари лозов насад , смокви , калинки и ниска тревната површина . Околу 11:00 часот пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната единица Валандово, а увид […]
Во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 64-Куманово 7-Штип 19-Прилеп 1-Тетово 7-Струга 14-Велес 1-Битола 2-Охрид 5-Гостивар 6-Радовиш 2-Крушево 1-Демир Хисар 1-Свети Николе 3-Кичево 4 Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш. Денеска […]
-Минатата година регистриравме 159 дела од омраза, а зголемениот број инциденти извршени по основ на етничка припадност достигнува 86% од случаите. Скоро сите инциденти се случиле помеѓу припадници на македонската и на албанската етничка заедница, а најзагрижувачки е фактот дека огромното мнозинство жртви и сторители повторно се малолетници, стои во информацијата на Хелсиншкиот комитет за […]
Маж на 67 годишна возраст од Струмичко синоќа починал на Инфективното одделение при струмичката болница. Причина за смртта е нагло губење на кислород во белите дробови предизвикано од коронавирусот, инфомираше директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов. Инаку, денес на пунктот за тестирање на Центарот за јавно здравје се извршени 12 тестирање, […]