Околу 100-тина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица – Цареви Кули. Најголемиот симбол на градот и годинава понуди незаборавна ѕвездена глетка. Велосипедистите се движеа по велосипедската патека, а останатите по трим патеката Св. Илија. Атмосферата ја дополни DJ Циге. Организатори на настанот беа Атлетскиот клуб „Беласица Ран“ и ЗКУ […]
Наредниот викенд се играат натпреварите од 2.коло во ПМФЛ во сезоната 2020/2021. Сепак колото започнува в петок, и тоа со мечот во Кратово меѓу Силекс и Пелистер, меч кој се игра два дена порано поради евро обврските на кратовци. И овој викенд може да се проследат ТВ преноси на Арена и МРТВ од два меча […]
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре,13 август 2020 година, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, соопштија денес од кабинетот на претседателот. Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, […]
Во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 30-Куманово 20-Дебар 2-Штип 15-Прилеп 1-Тетово 6-Струга 8-Битола 2-Охрид 3-Кавадарци 8-Гостивар 19-Гевгелија 1-Струмица 2-Кочани 5-Демир Хисар 2-Македонски Брод 3-Берово 1-Делчево 1-Свети Николе 6-Кичево 4 Починат е пациент од Охрид во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира […]
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски преку социјалните мрежи информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажуваат од средствата за патните трошоци. ,,Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на #СДСМ и наша програмска определба. За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера […]
На 80-тата седница, Владата на Република Северна Македонија по предлог на Комисијата за заразни болести, ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50%, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75% од вкупниот капацитет на возилата.
Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, градинари и овоштари, добитници на опрема за воведување на современи агроеколошки мерки од третиот циклус на обуки, денес имаа можност да подигнат дел од опремата и тоа електрични ножици, меѓуредни фрези, тракторки фрези, атомизери и друго. Висината на еден грант изнесува 5.000 евра, а во […]
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: […]
Вчера во 15:40 часот било пријавено дека во близина на село Миравци, гевгелиско, на место викано „Три тополи“, додека В.М.(19) и В.Ѓ.(56), двајцата од с.Миравци, местеле мрежи во река Вардар, В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал. Во 19:15 часот тој бил понајден и извлечен од реката. Од страна на лекар од Итната медицинска […]
Синоќа се одржа првиот аеробик тренинг на отворено како дел од програмата на СОФ 2020. Во градскиот парк кај Езерцето вежбаа 60-тина рекреативци од сите возрасти. Тренингот го водеше аеробик и пилатес инструкторот Елена Илков од GoFit. Општинската организација на Црвен Крст – Струмица со свој волонтерски тим беше дел од синоќешниот настан со цел […]