Васил Гарванлиев на неговиот официјален јутуб канал ја објави неговата најнова песна и видеозапис за “ПриКазна„. Ова е негов втор проект оваа година по промоцијата на евровизиската песна YOU со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам. Верен на својот стил, естетика и скриени пораки, овој пат Васил можеме да […]
Во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 51-Куманово 11-Дебар 2-Штип 13-Прилеп 4-Тетово 10-Струга 3-Битола 1-Охрид 6-Кавадарци 14-Гостивар 22-Гевгелија 1-Пробиштип 1-Демир Хисар 4-Македонски Брод 5-Виница 2-Кичево 3-Неготино 2 Починати се 2 лица, пациент од Скопје и пациент од Штип. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира […]
Животот знае да биде немилосрден, особено кога на 38 години треба да уживаш во благодетите на семејниот живот и радоста со сопругата и со 5 годишната ќерка, како што е случајот со Слободан Попоски. Тој веќе 10 години се бори со остеодарком, немилосрдна болест која Цобе, како што го нарекуваат најблиските, успешно ја победува, иако […]
ФК Академија Пандев денеска на официјалната фејсбук страница објави дека Кире Маркоски и Кристијан Трапановски се нови засилувања за прволигашката битка. Двајцата крилни напаѓачи доаѓаат како големи засилувања и за прв пат позираа во домашниот и гостинскиот дрес за новата сезона. Кире Маркоски е сениорски репрезентативец на Македонија и доаѓа од екипата на Карвина (Чешка). […]
Струмичанка е еден од 15-те најсреќни добитници на месечните награди од по 20 илјади денари преку наградната игра МојДДВ – МојаНаграда, која ја доби на јавно телевизиско извлекување. Станува збор за Катерина Данчева од Струмица, а награди добија и граѓани од Скопје, Велес, Кавадарци, Куманово, Битола, Крива Паланка и Прилеп. Во останатите кола до крајот […]
Од вечерва Грција воведува дополнителни ограничувања на копнените граници со соседните земји, соопшти вчера владиниот портпарол, Стелиос Пецас, кој нагласи дека границите и онака се отворени само за грчките државјани и оние кои имаат дозвола за престој, но дури ни тие нема да смеат да минуваат во ноќните часови. – Соопштувме дека забраната за поминување […]
Првото коло од новиот шампионат на Македонија ќе се игра на 9. август. Академија Пандев гостува на новиот прволигаш Пелистер, а Беласица на домашен терен ја пречекува екипата на Силекс. Во останатите натпревари, на Чаир ќе гостува Шкендија каде што ќе ја пречека домашниот Шкупи. Следуваат уште и мечевите Вардар – Борец, Македонија ЃП – […]
Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига Кирил Ричлиев го продолжи договорот за соработка. За уште поголеми успеси, поголеми резултати и создавање на поголем број на нови репрезентативци, тренерот го зголеми стручниот штаб. Асистенти кај помладите категории ќе му бидат: Костадин Ричлиев, Јане Попов, Васе Михаилов, Киро Арабаџиев и Владо Милев кој ќе помага во развојот […]
Променливо облачно со сончеви периоди. На места, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Максималната температура до 30 степени. УВ=6. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска. До недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен […]
Во недела започнува деветтото издание на СОФ 2020 и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во 20-дневна програма во градскиот парк. Локацијата на фестивалот ќе биде оградена и обележана со регулиран влез. Ќе биде дозволено присуство само со маска. На локацијата ќе бидат поставени седишта на соодветно растојание и […]