fbpx

Бојмацалиев: Нема кривична пријава против вработени во СВР Струмица

 Бојмацалиев: Нема кривична пријава против вработени во СВР Струмица

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, при денешната посета на СВР Струмица, а во одговор на новинарско прашање да ја коментира веста дека е поднесена пријава до надлежно јавно обвинителство против вработени во СВР Струмица, кои наводно дозволиле да застаре дисплинска постапка, тој категорично одговори дека не е поднесена никаква кривична пријава против ниту еден вработен.

-Има известување до Одделот за внатрешна контрола и известување до јавниот обвинител да се провери целиот случај. За конкретниот случај се работи дека за некое лице му е затаена целата дисциплинска постапка. И до мене и до министерот Тошковски има акт во кој се вели дека тој случај е застарен и треба да се затвори и е потпишан од двајцата, одговори Бојмацалиев.

Share via
Copy link