„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Борецот Јован Величковски одликуван со медал за храброст од претседателот Пендаровски по повод Илинден
Борецот Јован Величковски, еден од најстарите и преживеани борци од НОВ денеска, по повод Илинден, е одликуван со медал за храброст од претседателот Стево Пендаровски.
Медалот на Величковски му го врачи претседателот на свеченоста која се организираше по повод 2 Август, Илинден.
Освен на Величковски, со Орден на Република Северна Македонија е одликуван постхумно Крсте Црвенковски, со Орден за воени заслуги е одликувана постхумно Невена Николова Георгиева – Дуња, а со медал за храброст покрај Величковски се одликувани и Никола Стојановски, Трајанка Аврамовска (постухмно), Илија Дуновски, Никола Николоски, Цветко Цветкоски, Кадрија Џафери и Дафинка Богоева.
Како што објави претседателот Пендаровски со овие одликувања на симболичен начин се исправаат историски неправди. Првата, направена со пропустот Дуња да не биде прогласена за народен херој. Втората, со намерното отстранување на Крсте Црвенковски од јавниот и политичкиот живот поради неговите либерални ставови и прогресивни политики.Третата, со обидите да се релативизира значењето на НОБ и АСНОМ како врска меѓу нашиот прв и трет Илинден.