fbpx

Брера Струмица потпиша со бразилскиот интернационалец, Леонардо Антонио

 Брера Струмица потпиша со бразилскиот интернационалец, Леонардо Антонио

Екипата на Брера Струмица продолжува да се засилува во летниот период, со цел да формира квалитетен тим со кој би го нападнала врвот од македонската елита.

Последен од низата потписи е тој со бразилскиот интернационалец, Леонардо Антонио. Станува збор за 26-годишен фудбалер од средниот ред со повеќе од солидно искуство. Тој во последните четири сезони игра во Европа и тоа последната полусезона во украински Лвив, а претходно три ипол сезони во литванскиот тим Џиугас. Негов матичен клуб е Португесе, а има играно и за Гончаленсе.

Брера претходно се засили со поранешниот младинец на Парма, Салваторе Рибаудо, како и со младинскиот македонски репрезентативец Андреј Аризаноски и Стефан Наумчевски од Тиквеш.

Share via
Copy link