Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Брера Струмица се пласираа во четвртфиналето од Купот на Македонија
Со головите на Даниел Миловановиќ и Роџерс Мато, Брера Струмица обезбеди пласман во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија. На стадионот во Струмица избраниците на Горазд Михаилов победата ја заверија во второто полувреме против незгодната Беса која беше рамноправнa во текот на целата средба.
По неискористените шанси од Каланоски и Мато, замената на Мартин Ѓоргиевски- Даниел Миловановиќ со соло продор по десната страна во 84 минута успеа да изгради шанса и со прецизен шут донесе водство од 1:0. Во судиското надополнување Роџерс Мато успеа да направи контра и да го матира Захов за конечни 2:0.
Во четвртфиналето можни противници на струмичани може да им бидат екипите на Детонит Плачковица и Арсими како второлигаши, но и прволигашите Гостивар, Шкендија, Силекс, Струга и Вардар.