fbpx

Царовска: Mедиумската писменост треба да стане дел од формалното образование

 Царовска: Mедиумската писменост треба да стане дел од формалното образование

Неопходно е учениците од најмала возраст да се едуцираат за медиумите, за да се стекнат со вештини и да да умеат да пристапат до медиумите, да ги развијат способностите за нивно користење и да имаат критички пристап во читањето за да ја разбере информациите. Затоа, имаме реална потреба медиумската писменост да стане дел од формалното образование. Ова го истакна министерката за образование и наука која денес учествуваше на онлајн дебатата „Потребата и можностите за вклучување на медиумската писменост во формалното образование  во Северна Македонија.

„Остануваме и понатаму на владините политики за поддршка на сите иницијативи граѓаните да се стекнат со добро разбирање за медиумите, добро да ги читаат и препознаваат скриените агенди, и да се стекнат со вештини за селекција на информациите. Сето ова овозможува на граѓаните активно да учествуваат во јавните дебати и да влијаат врз промените, а тоа треба да се научи низ процесот на образованието“, рече Царовска.

Министерката истакна дека МОН и Владата во соработка со Бирото за развој на образованието продолжуваат активно да работат на вклучување на медиумската писменост во некои предмети во основното и средното образование и целиот овој процес се прави со повеќе институции и граѓански организации.  

На дебатата којашто е организирана од Македонскиот институт за медиуми и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги учествуваа и директорката на МИМ Билјана Петковска, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски и националниот консултатнт при Регионалната канцеларија на УНЕСКО за наука и култура во Европа Борислав Вукојевиќ.

Настанот е дел второто издание на Денови на медиумска писменост што годинава се одржува од 26 октомври до 2 ноември.

Share via
Copy link