Струмичанка потешко повредена откако во неа удрило „ауди“ управувано од 79 годишен струмичанец
Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

-Хуманоста е доблест, подадена рака, несебичност, пожртвуваност и пример за човечност, во вистинската смисла на зборот, а без сомнение, најголем синоним за хуманоста е Црвениот крст и Црвената полумесечина. На оние со кои се гордееме – на вработените и волонтерите во Општинската организација на Црвен крст – Струмица, им посакувам понатамошен успех во нивната благородна и хумана мисија.
Честит и вековит нека е 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.