„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
ЦУК: ПРОНАЈДЕНО Е ТЕЛОТО НА ДАВЕНИКОТ ВО ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО
Регионалниот ЦУК Струмица денеска информира дека телото на давеникот во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне, доцна попладне пред стемнување е пронајдено.
Инаку, станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.
Телото на давеникот веднаш не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – практично видливоста е до 1метар длабочина кога езерото е мирно. Но, попладне по 16 часот почнал да дува ветер и бранови со што видливоста се намалила уште повеќе.
Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото.
На лице место биле ТППЕ и СВР Гевгелија, а и припадниците на граничната полиција биле во потрага со чамец, а од 16.00 часот специјалниот нуркачки тим, со 2 возила и 5 лица, од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ трагал по телото на давеникот. Во потрагата биле вклучени и гранична полиција Дојран со 2 полицајци и 1 чамец и ПС Гевгелија со 6 полицајци. Пред завршетокот на денот било пронајдено телото на давеникот. Поточно, во 19.15 часот од страна на специјалните сили нуркачи лицето било лоцирано, пронајдено и извлечено. Следи понатамошна постапка за случајот, преку јавен обвинител и лекар.
ЦУК апелира до граѓаните коишто рекреираат и одмораат покрај езера, море или река секогаш да ги почитуваат мерките на безбедност што се предвидени за престој во конкретно место или за користење пловни и други средства за рекреација, а и лично секогаш превентивно да се свесни за можните опасности во местата за одмор покрај вода.