„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри
-Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, не сум се откажал и ме охрабрува фактот дека активистите веќе се мобилизираат.
Ова е впечатокот на д-р Венко Филипче откако денес ги продолжи активностите на терен во Изборната единица 4 каде што е носител на листата на кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
На својот Фејсбук профил, Филипче пишува дека разговарал со граѓаните и со поддржувачите и за изборниот резултат.
„Природно е да се чувствуваме обесхрабрени при ваков резултат. Но, големината на еден човек не се гледа во победите, туку во поразите“, вели Филипче.
Како што наведува тој, СДСМ и тој лично ја примиле порака од оние кои не излегле да гласаат во првиот круг на претседателските избори. А таа порака е:
„Потребни се темелни промени со кои мора да се зафатиме веднаш после изборите“.
Но, сега е време за работа и воопшто не е сеедно колку пратеници ќе има СДСМ во идното Собрание. Имаме одлични кандидати кои ќе ги бранат интересите на граѓаните“, додава Филипче на Фејсбук.
Филипче вели дека го охрабрува фактот дека активистите веќе се мобилизираат и постојат големи шанси изборниот резултат да биде поправен.
„Да ги подигнеме главите и да продолжиме да се бориме за она во што веруваме“, завршува Филипче.
Линк до Фејсбук статусот и слики: