Советот на Струмица усвои Интегрален локален развоен план за периодот 2024–2027 година
Девојка од Стојаково потешко повредена откако излетала од патот со автомобилот
МВР соопшти дека вчера во 13:45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат меѓу селата Стојаково и Богородица, гевгелиско, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.