Градоначалникот Костадинов очекува до петок Струмица да има повторно вода за пиење
Дваесет и пет годишник извршил обљуба врз 81-годишна старица во Струмичко
На 13.09.2023 во 22.30 часот во струмичко село, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко, информираа денеска од СВр Струмица.
Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.