СВР Струмица со апел до граѓаните за новогодишните и божиќните празници
Две кражби во Струмица и Иловица, крадците пронајдени
На 12.12.2024 во 10.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 00.30 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што од касата одзел пари. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и кај него биле пронајдени дел од украдените пари.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот, против Н.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.12.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека била извршена тешка кражба во продажен објект во село Иловица, струмичко, при што биле одземени 254 кутии со цигари. По преземени мерки било утврдено дека сторител е А.А.(21) од село Иловица, кој во службениот разговор го признал делото, а од него биле одземени кутиите и алатот со кој ја извршил кражбата.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно расчистување на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: илустрација