fbpx

Две лица повредени во сообраќајка во Радовиш

Две лица се повредени во сообракајка што се случила попладнево околу 15:30 часот во Радовиш, на улицата „Осми Септември“.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова во сообраќајката учествувале две патнички возила, а возачот и сопатникот од едното возило се повредени.

Со возила на Итната помош тие се пренесени на лекување во струмичката болница, а полицијата извршила увид на местото на сообраќајката.

Share via
Copy link