fbpx

Едно лице повредено на патот Струмица-Ново Село по превртување на автомобил

Едно лице е повредено во сообраќајка, откако се превртел автомобил марка „пежо“ утрово околу 08:00 часот на патот Струмица-Ново Село, кај крстосницата за селото Сушица.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, информираше дека до несреќата дошло откако автомобилот со струмички регистарски таблички излетал од патот и се превртел на покривот.

Во „пежото“ имало возач и двајца сопатници. Еден од сопатниците е повреден и е пренесен во струмичката болница.

Share via
Copy link