fbpx

Еуромакс Ресоурцес ја зајакнува соработката со невладиниот сектор

 Еуромакс Ресоурцес ја зајакнува соработката со невладиниот сектор

Еуромакс Ресоурцес ја интензивира својата соработка со граѓанскиот сектор преку поддршка и воспоставување отворена комуникација за прашања кои ги интересираат сите граѓани во земјава. Затоа што, визијата на компанијата е приватниот сектор да креира и одржува партнерска врска со граѓаните, особено преку официјалните здруженија и невладини организации кои и официјално ги артикулираат очекувањата на заедницата. Развиен и силен граѓански сектор значи и подобри услови за живот, а кога во приказната ќе се вклопи и силен и развиен приватен сектор–добивките за жителите се многубројни.

Здружението Слоу Фуд Огражден од Босилово и културно уметничките друштва „Кирил и Методиј“ од Иловица и „Кавалџии“ од Штука во изминатите 10-тина години инвестираат во зачувување на традиционалното наследство како начин да се подобри социјалното живеење во подогражденскиот регион, но и самиот квалитет на живот на граѓаните во овој дел од државата. Ова се дел од организациите кои одржуваат континуирана соработка со Еуромакс.

Последната активност на која се приклучи компанијата беше дарителска акција организирана од  здружението Слоу Фуд Огражден која се случи годинава.

„На големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) промовиравме дарителска акција која во потполност успеа благодарение на повеќе физички лица и деловни субјекти. Со нивна поддршка набавивме клупи за седење, како и средства за изградба на настрешница на свеќарникот во црквата Св.„Ѓорѓи“ во селото Дрвош“, велат од Слоу Фуд Огражден  основана во јануари 2014 година во Босилово.

Од невладината организација дополнуваат:

„Мисијата на Слоу Фуд Огражден е да спроведува активности што ќе овозможат услови за раст и подобро исполнување на социо-економската состојба, заштита на културното наследство и квалитетот на животот на граѓаните на нашата територија. Впрочем, нашата визија е да бидеме лидер во создавање услови за нов квалитет на живот на граѓаните“.

Здружението е член на повеќе асоцијации и федерации, меѓу кои е и Мрежата за рурален развој, Федерацијата на фармери на Македонија – чадор организација на 64 невладини организации и е релевантен фактор во развојот на руралниот и социо-економскиот аспект на руралните области во Македонија.

Соработката на Еуромакс со културно уметничкото друштво „Кирил и Методиј“ од Иловица, кое е член и на „Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија“, трае веќе неколку години. 

„’Кирил и Методиј’ е основано од група млади ентузијасти во 2015 година, кои преку традиционалните вредности и љубов кон фолклорот видоа можност да го подобрат социјалниот живот на младите во селото. Почнавме со неколку игроорци, а денес, сме горди да кажеме дека бориме околу 40 членови и секојдневно се приклучуваат нови. Интересот на младите за народните танци расте со брзо темпо. Младите имаат голема желба и мотивација да ги научат нашите традиционални танци за да ги покажат своите вештини и да ја мотивираат младата генерација да учествува во развојот на културниот живот и зачувување на традиционалните вредности“, велат од КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица.

Со поддршка на Општина Босилово, Друштвото организира бројни активности за задоволување на културните и уметничките потреби на граѓаните и младината, како и да ги развива и проширува пријателските односи и врски со други друштва од други земји. КУД „Кирил и Методиј“ досега има одржано повеќе од 10 концерти, а учествува и бројни национални и меѓународни настани и натпревари во Бугарија, Словенија, Турција. Во соработка со Еуромакс обезбедија помошна просторија каде ги чуваат сите стекнати дипломи и признанија.

Во 2016 година во Штука почна соработката на културно уметничкото друштво „Кавалџии“ со инвеститорот Еуромакс.

„Друштвото со работа почна во 2009 година и тоа со одржување настава на изворни, народни инструменти, песни и ора. Школата беше насловена како “Музичка школа за изворни инструменти, песни и ора”, а во 2015 година се регистриравме како културно уметничко друштво и присутни сме во културниот живот на селото и учествуваме на голем број настани низ цела Македонија. Поддршката ја добивавме од Општина Босилово и во соработка со Еуромакс целосно се опремивме со народна носија и опинци, а организиравме и фестивал во село Штука. Компанијата помогна и за обезбедување нова просторија за друштвото“, велат од КУД „Кавалџии“ од Штука.

Комерцијална објава

Share via
Copy link