fbpx

Евроамбасадорот Гир во посета на Општина Струмица

 Евроамбасадорот Гир во посета на Општина Струмица

-Првото добредојде на претставник на дипломатскиот кор во државата во годината што ја започнавме, денеска му го посакав на Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во РСМ и голем пријател на Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Разговаравме за годината којашто помина, за проектите коишто ги реализиравме и започнавме, како и за новите предизвици во новата година, како на локално така и на државно ниво.Нашиот пат е јасен, европската иднина ја посакувам и јас и моите сограѓани, затоа што само таа носи прогрес за сите нас.Како и секогаш, така и денеска ја добив и почитта и поддршката од господинот Гир за големиот мотив и труд во создавањето на новата верзија на нашата Струмица.Со посебно задоволство го разгледавме и Младинскиот центар, еден од моите омилени проекти реализирани во минатата година, кој секојдневно си ја оправдува и потврдува својата намена, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link