fbpx

Филипче: Гаранцијата за млади ќе ја отвориме за 35.000 млади, ја решаваме невработеноста

 Филипче: Гаранцијата за млади ќе ја отвориме за 35.000 млади, ја решаваме невработеноста

СДСМ ќе обезбеди вработување на 35.000 млади, преку програмата ,,Гаранција за млади”, ова вчера го најави д-р Венко Филипче во Прилеп на средбата со младите. 

„Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади” која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна неврохирургот Филипче.

Филипче презентираше и други младински политики предвидени во програмата на СДСМ. Во програмата е предвидено и континуирано подобрување на образовниот процес, кој ќе овозможи европско образование за младите во земјава. 

„Ќе работиме на подобрување на наставните програми, но паралелно ќе се грижиме и за севкупните услови во кои младите се образуваат. Ќе создадеме подобра инфраструктура во училиштата и студентските домови, средина која ќе биде мотивирачка и инклузивна за вие да можете целосно да се посветите на вашиот развој и образовен раст“, рече д-р Филипче.

Носителот на листата на СДСМ во ИЕ 4, неврохирургот Филипче на младите во Прилеп им порача дека СДСМ во нив гледа идни носители на развојот на општеството и побара од нив секогаш да бидат гласни за своите идеи и амбиции. 

„Многу скоро ќе дојде време кога вашите генерации ќе треба да ја преземат одговорноста во државата, затоа во вас СДСМ гледа идни носители на развој на македонското општество“, додаде Филипче.

Share via
Copy link