fbpx

Гевгеличанка потешко се повредила по пад од мопед

На 02.01.2023 во 14:10 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на булевар „Гевгелија“, С.Д.(29) од Гевгелија, управувајки мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубила контрола и со мопедот паднала на коловозот, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.

Share via
Copy link