fbpx

Голем пожар во Ново Село, горат неколку куќи

 Голем пожар во Ново Село, горат неколку куќи

-Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново  Село, кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи. Огнот се шири многу бргу а во близина има бензинска пумпа. Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија но во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што гаснењето е отежнато, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, кон пожарот се упатени еден полициски и еден армиски хеликоптер. Полицискиот започнува со дејство, а армискиот во секој момент ќе биде таму.

Инаку, горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица.

Фото: ЦУК

Share via
Copy link