fbpx

Градоначалникот Андонов се сретна со координаторот на ТИКА

 Градоначалникот Андонов се сретна со координаторот на ТИКА

-Денес остварив средба со координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Македонија, Халим Омер Согут и неговите соработници, објави градоначалникот на Василево, Славе Андонов.
-Разговаравме за продлабочување на соработката и унапредување на условите за живот во нашата општина преку реализација на проекти од заеднички интерес. Им се заблагодарив за досегашната плодна соработка и очекувам во иднина да ги продлабочиме нашите пријателски односи за доброто на граѓаните и просперитетот на нашите држави, напиша Андонов.
Во Василево, но и во регионот, ТИКА има реализирано повеќе проекти за решавање на проблемите на ранливите категории граѓани, како и вложување во образованието и здравството. 

Share via
Copy link