„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Известување од СВР Струмица за издавање и подигање лични документи
Секторот за внатрешни работи Струмица, Одделение за управни работи, ги известува граѓаните дека Отсеците за управни работи во Струмица и Радовиш ќе работат и во сабота (10.07.2021) со работно време од 08.00 до 16.00 часот.
Во овој термин граѓаните ќе може да ги подигнат веќе изготвените лични документи, како и да аплицираат за издавање на нови.
Напоменуваме дека изготвени и пристигнати се сите лични документи (патни исправи, лични карти и возачки дозволи) за кои граѓаните аплицирале до 02.07.2021 година.