Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Кај три лица од радовишко полицијата пронајде бесправно исечени огревни дрва
МВР соопшти дека вчера на подрачје на oпштина Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш презеле засилени мерки за откривање на бесправно исечени огревни дрва. Притоа, кај Р.Ј. и Е.М. од село Аликоч и Ф.Џ. од село Коџалија, радовишко биле пронајдени бесправно исечени дабови огревни дрва.
Од страна на вработени во Шумска полиција дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница Плачковица Радовиш.
По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Фото: архива