fbpx

Кај жител на Банско полицијата пронајде марихуана

 Кај жител на Банско полицијата пронајде марихуана

Денеска во село Банско, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Oдделот за криминалистичка полиција при МВР го лишиле од слобода И.Р.(49) од село Банско.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(фото:архива)

Share via
Copy link