„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Кај жител на Богородица полицијата пронајде семки од канабис
Денеска полициски службеници од ОВР Гевгелија – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода С.Г.(44) од село Богородица, гевгелиско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 228 семки од растението канабис и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Фото: Архива