fbpx

Караванот „Најдоброто“ во Струмица: По убедливата победа на 17 октомври, продолжува успешната приказна, продолжува развојот

 Караванот „Најдоброто“ во Струмица: По убедливата победа на 17 октомври, продолжува успешната приказна, продолжува развојот

На промоцијата на кандидатот на СДСМ и на Коалицијата за градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов и советничката листа, пред присутните граѓаните се обратија градоначалникот на Струмица Коста Јаневски и носителот на листата за советници Марјан Даскаловски.

-Имав можност да бидам дел од тимот на една од најуспешните општини, гледав како Струмица продолжува да расте и да се развива, сигурен сум дека има потенцијал да биде уште поубава и уште понапредна, вложуваме да го креираме најдоброто за идните генерации, истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, додавајќи дека е време една нова генерација да зачекори и да го обликува своето утре за идните генерации.

Струмица испишува успешна приказна, верувам дека ќе продолжи така, нагласи во обраќањето градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

Носителот на советничката листа за Општина Струмица Марјан Даскаловски истакна дека со СДСМ низ годините наназад, се совладани бројни бариери, прифатени безброј предизвици и извојувани значајни победи за доброто на граѓаните.

-Ми претставува чест и огромно задоволство што повторно ја предводам кандидатската листа на советници на СДСМ и коалицијата. Тоа не е каква било листа, туку победничката листа на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври, листа која ќе го даде мнозинството членови во идниот Совет на Општина Струмица, и кои заедно со идниот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов ќе го креираат развојот на нашата општина до 2025 година, порача Даскаловски.

Share via
Copy link