fbpx

„Комуналец“ ја чисти дивата депонија на улица „Антон Панов“

 „Комуналец“ ја чисти дивата депонија на улица „Антон Панов“

-Одбележувајки го првиот ден од пролетта започнуваме со акција за машинско чистење на диви депонии. Се работи на чистење на една од поголемите диви депонии на улица „Антон Панов“ кадешто еколошката свест на граѓаните кои живеат околу таа улица е на многу ниско ниво, соопштија од „Комуналец“.

-Да се надеваме дека после нашата интервенција и темелното чистење ќе проработи свеста на несовесните граѓани и овој дел од градот пополека ќе прерасне во убаво, чисто место за живеење, стои во соопштението на ЈПКД „Комуналец“.

Share via
Copy link