„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Комуналец“ постави полуподземни контејнери, апелира граѓаните да не фрлат пепел во нив
Со цел за поуспесшно справување со отпадот од домаќинствата и правните субјекти и намалување на отпадот околу контејнерите кој дава лоша слика за градот ЈПКД Комуналец монтираше полуподземни контејнери со голем капацитет на 6 локации низ градот и тоа на : Ул. 24 Октомври (кај пицерија Бонита), кај Хотел Вила Парк, Ул. Невена Стојкова( позади Хотел Есперанто), кај поранешно Кино Балкан, на двете страни од малиот Градски Парк како и на Ул Братство и единство ( до маркетот на Црвена Ружа).
Со пристигнувањето на специјалниот нов камион за подигање на отпад од овие полуподземни контејнри деновиве истите се ставени во функција и домаќинствата и правните субјекти можат да ги користат.
Укажуваме дека е строго забрането фрлање на пепел во полуподземните контењери бидејки може да дојде до појава на пожар внатре во самиот котењер. За таа цел до секој полуподземен контејнер има поставено жолта канта која служи исклучиво за пепел од домаќинствата никако за друг вид на отпад.
Напоменуваме дека околу секој полуподземен контењер не треба да се паркират возила бидејки се оневозможува подигање на отпадот од камионот со дигалка.
Меѓутоа некои наши сограѓани пак ја покажаа својата некултура и несовесност, негрижа за животната средина со фрлање на смет околу контејнерите и во контејнерите наменети за пепел. Да потенцираме дека сметот се фрла внатре, а не се остава до нив. Затоа, известуваме дека Општинската Комунална Инспекција интензивно ќе биде присутна на терен и секое оставање на смет надвор ќе биде евидентирано и ке бидат поднесени пријави против истите.