„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов: Големите луѓе како Тоше никогаш не умираат
-На денешен ден пред 16 години, загина македонскиот ангел, најдобриот пејач и најголемиот музички амбасадор на Македонија, нашиот Тоше Проески, напиша градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов за 16.годишнината од загинувањето на Тоше Проески.
Но, големите луѓе, како Тоше, никогаш не умираат, тие живеат вечно, затоа што создаваат дела кои заборав немаат.Во неговата кратка, но блескава кариера создаде незаборавни хитови и останува ѕвезда која вечно ќе сјае. Од срце за споменот на Тоше, објави струмичкиот градоначалник.