Локалниот совет за превенција со предлози за намалување на опасностите со управување мотоцикл и служење алкохол на малолетници
Локалниот совет за превенција денеска одржа работна конференција на која на дневен ред беа актуелни теми во општина Струмица како што се безбеден сообраќај со акцент на децата кои управуваат мотоцикли, присуство на малолетници во угостителски објекти и забрана за купување и служење на алкохол на малолетни лица во продавници и угостителски објекти и беа донесени соодветни заклчоци.
Преку СВР Струмица во соработка со училиштата со едукативни примери да се делува кај малолетниците и постарите малолетници за можните опасности коишто можат да настанат при управување со мотоцикли на небезбеден начин. Со демонстрирање на примери какви можат да бидат последиците ако се носи и ако не се носи заштитна опрема. До Советот на општината ќе биде доставен предлог централното градско подрачје, градскиот парк, како и училишните дворови, да се изработи сообраќаен проект одобрен од Општината и СВР Струмица и овие подрачја да бидат целосно забранети за движење на мотоцикли и електрични тротинети за период од три месеци, односно во летниот период, бидејќи како што беше заклучено токму на тие точки се случуваат многу незгоди.
Низ кафулињата и другите угостителски објекти, сите институции работат на сеопфатен план по трагедијата во Кочани, вклучени се полицијата, Општината, а во иднина ќе бидат вклучени и УЈП и ДПИ. Во 27 објекти кои досега се контролирани, а немат соодветни документи за работа, се преземени прекршочни мерки и доколку има и една мала неправилност на објектот ќе му се забрани вршење на дејноста. Наставниците и директорите на училиштата, алкохолот и други енергетски пијалоци имаат обврска да ги пријават по Закон за угостителска дејност. Ќе се формира Комисија од страна на Општината, СВР Струмица и Советот на родители за надзор во угостителските објекти. За новите и старите продажни објекти кои ќе ја продолжат лиценцата за продажба на алкохол ќе се формира општинска комисија која ќе врши надзор дали ги задоволуваат условите и посебно да се води сметка дали известувањето за непродавање на алкохол на малолетници е истакнато на видно место, како и тоа дека строго се забранува точење на алкохол на малолетници. Ќе се формираат работни групи од родители кои заедно со инспекторите ќе одат на терен и ќе вршат проверки.
На денешната седница на Локалниот совет за превенција од страна на полицијата и претставниците на училиштата беше договорено пред претстојните матурски и полуматурски прослави во сите училишта да се извршат превентивни предавања за однесување учениците и какви можни опасности ги демнат.