„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Министерство за земјоделство:Важна информација за земјоделците!
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ!!!
Почитувани земјоделци,
Со цел непречено извршување на тековните земјоделски активности, Владата на Република Северна Македонија, за земјоделците овозможи исклучок од воведената забрана и посебен режим на движење.
Регистрираните земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој што го води Министерството за земјотелство, шумарство и водостопанство, дозволите за движање ќе можат да ги обезбедат преку алатката за давање на дозволи од Министерството за информатичко општество и администрација, преку овластени лица од МЗШВ.
Барањата за дозволи за движење се доставуваат по телефон или на е-маил преку Подрачната единица на МЗШВ (која мора да провери дали барателот е запишан во Единствениот регистар на земјоделски стопанства).
Земјоделските стопанства кои не се регистрирани во системот на ЕРЗС, дозволите за движење ќе можат да ги обезбедат преку општинските кризни штабови.
Сите оние кои веќе имаат извадено дозволи за движење, немаат потреба да вадат нови бидејќи истите се важечки.