Нашинец од Пјаченца кој го фатил Светиот крст собраните пари ги донираше на семејства во Општина Босилово
Зоран Горгиев од Просениково, кој го фати крстот на Водици во Пјаченца-Италија, собраните средства во износ од 680 евра ги донираше на социјално ранливи семејства од општина Босилово.
Единаесет семејства од Босилово добија пакети со основни прехранбени продукти.
-Во името на граѓаните на општина Босилово изразувам благодарност до Зоран Горгиев и неговото семејство за помошта, поддршката и соработката, напиша градоначалникот Ристо Манчев на својот фејсбук профил.