fbpx

Никола Ѓоргиев промовиран во Инегол: Доаѓам во одличен тим со врвен тренер

 Никола Ѓоргиев промовиран во Инегол: Доаѓам во одличен тим со врвен тренер

Никола Ѓоргиев денеска ја имаше и својата официјална промоција во новиот клуб Инегол Беледиеспор, со кој македонскиот репрезентативец потпиша едногодишен договор. Тој ја мина ланската сезона во германскиот прволигаш Фридрихсхафен, а трансферот во Инегол претставува камбек на Ѓоргиев во турската одбојка, каде во периодот од 2011 до 2014 година со успех го носеше дресот на Спор Тото.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за прекрасниот дочек, како и на претседателот за вложениот напор за да ме доведе во Инегол. Среќен сум што сум овде, од првиот ден сум прифатен како дел од семејството и верувам дека заедно ќе постигнеме добри резултати во новата сезона. Инегол со право има високи амбиции, бидејќи има одлични одбојкари и врвен тренер. Голем поздрав до сите навивачи и се надевам дека кризата со коронавирусот наскоро ќе заврши, за да можеме заеднички да се радуваме на победите“, изјави Никола Ѓоргиев.

Најдобриот македонски одбојкар во кариерата настапуваше и за Париз во Франција, потоа за Варшава во Полска, во јапонскиот шампионат ги бранеше боите на Торај и на Осака, во Италија една година беше дел од тимот на Форли, а првиот интернационален предизвик по заминувањето од Џио Струмица го имаше во српскиот клуб Раднички Крагујевац.

Share via
Copy link