fbpx

Академија Пандев се засилува со младиот Димоски од Вардар

Како што пренесува спортскиот портал Спорт Медија, Бојан Димоски, 18-годишниот фудбалер ќе биде нов член на Академија Пандев. Станува збор за играч кој може да игра на неколку позиции, а негова главна е дефанзивниот дел од средниот ред, односно како последен играч за врска, но може да игра и како бек.

Димоски од младинските категории на Вардар, минатите две сезони беше прекомандуван во сениорската конкуренција, каде потпиша професионален договор. Поради ситуацијата со Вардар, сега како слободен се сели меѓу „Академците“.

Share via
Copy link