„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одложено второто прскање против комарци заради неповолни временски услови
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека се одложува второто прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 25 и 26 Јули 2022 година, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, затоа истото се планира да се спроведе во текот на неделата.
За точниот датум за спроведување на планираното прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југоисточниот регион ќе бидат дополнително известени.