fbpx

Поезија од Митко Гогов објавена во Германија и во Хрватска

 Поезија од Митко Гогов објавена во Германија и во Хрватска

Селекција од поезијата на Митко Гогов, концептуален уметник, поет и граѓански активист од Струмица е објавена во Германија, во списанието за култура, литература и уметност Reibeisen, во превод на Маргарит Жеков и во Хрватска во електронското списание за литература „čovjek-časopis“ чиј уредник е Жељко Белиниќ, a во превод на Борјана Прошев-Оливер.

Гогов е роден 1983 година. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата Твитер. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, Тајван, Египет, САД, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија…Автор е на збирките поезија „Ледена вода“ (2014) и „Скриено писмо“ (2019), во издание на издавачката куќа Антолог.

Share via
Copy link