„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Отворено повеќенаменско игралиште кај училиштето „Никола Вапцаров“
Денеска во Струмица е отворено ново повеќенаменско игралиште кај ООУ „Никола Вапцаров“, во втората урбана заедница, позади спортската сала на ова училиште.
Градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев заедно децата ги испробаа новите голови и кошеви, а во изјавата за медиумите струмичкиот градоначалник истакна дека ова игралиште, кое е четврто по ред, е на барање на граѓаните од втората урбана заедница.
-Станува збор за проект којшто е производ на добрата соработка со ЈПКД „Комуналец“ и им благодарам на менаџментот и на сите вработени во претпријатието. Продолжуваме со таков тип на игралиште и во Турското маало за кое веќе имаме избрано изведувач и очекуваме деновиве да започнат со работа и секако и во населените места, за наредната година такво игралиште најавуваме за населеното место Банско. Конкретно за овој проект станува збор за општинска инвестиција во вредност од близу 12 милиони денари со што ги потврдуваме заложбите на Општината преку добрите и мудри одлуки од страна на мнозинството советници во Советот на општина Струмица, како навистина се грижиме за она што значи потреба на граѓаните, секако дека го промовираме здравиот начин на живот, можноста за рекреација на струмичани, на учениците од ООУ „Никола Вапцаров“, но и на граѓаните коишто живеат во Втората урбана заедница. Нека ни е со среќа и нека ни се множат такви убави проекти во интерес на граѓаните, рече Костадинов.
Игралиштето и просторот околу него комплетно ги изгради струмичкото комунално претпријатие.