fbpx

Пандевци ги започнаа подготовките за новата сезона

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев ги стартуваше подготовките за новата сезона. Под раководство на тренерот Александар Таневски, тимот почна со двојна програма тренинзи, на терен и во сала вежбање.

Сениорите, стручниот штаб и вработените во средата имаа тестирање за Ковид-19, сите тестови се негативни. По добиените резултати за корона, вчера се одржаа и тестовите за физичка подготвеност, а од денес стартуваме и со два тренинзи на терен и во теретана. Сите играчи се здрави и се на располагање на тренерот Александар Таневски. Од тимот од минатата сезона, екипата ја напуштија Душан Чубраковиќ, Мите Цикарски, Стефан Костов, Ангел Гранчов, Бојан Најденов, Кристијан Стојкоски, Ѓорги Танушев, Ндуе Мујеци. На сите им посакуваме успеси во понатамошните кариери“, велат од Академија Пандев.

Share via
Copy link