fbpx

Полицијата констатира кривични и прекршочни дела во пет угостителски објекти во Струмица

Секторот за внатрешни работи-Струмица во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во рамките на своите надлежности во претстојниот период ќе продолжи со превземање интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, насочени во делот на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот,  непостапување  според здравствените прописи за време на епидемија, точење алкохолни пијалоци на малолетници гласната музика и непочитувањето на работното време.  

 За сите сопственици на угостителските објекти  кај кои  ќе бидат констатирани прекршоци и кривични дела, Секторот за внатрешни работи-Струмица согласно своите надлежности,  ќе  изготви  соодветни поднесоци, а за правните лица  ќе предложи  изрекување на соодветни прекршочни и кривични санкции.

Во текот на викендот  во 3 (три ) угостителски објекти на подрачјето на  општина Струмица  констатирани  се кривични дела предвидени во чл.206 од КЗ, во 1(еден) угостителски објект констатиран е прекршок “Пуштање гласна музика„ во 1 (еден) угостителски објект констатиран прекршок “Присуство на малолетници подоцна од 24,00 часот“ предвидени во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.         

Секторот за внатрешни работи -Струмица  апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните,  да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија и законските правила и прописи.

Доколку се констатира состојба спротивна на Законот  и препораките на Владата истата  соодветно ќе се санкционира.

Извор: Соопштение на СВР-Струмица

Share via
Copy link