fbpx

Полициски билтен: агресивно однесување, марихуана кај малолетничка,физички напад во Јосифово

 Полициски билтен: агресивно однесување, марихуана кај малолетничка,физички напад во Јосифово

На 31.03.2024 во 11.40 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода А.И.(27) од Радовиш затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.03.2024 во 01.00 часот во Струмица полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода Б.И.(39) и малолетничка од Струмица. При извршен преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена марихуана. Во Полициската станица Струмица бил извршен разговор со малолетничката во присуство на нејзините родители. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.03.2024 во 03.45 часот полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода српскиот државјанин М.С.(26), кој околу 01.30 часот на бензинска пумпа во село Јосифово со остар предмет го нападнал А.С.(31) од село Пирава, валандовско, нанесувајќи му повреди, констатирани од лекар во Итна медицинска помош Гевгелија. Српскиот државјанин бил задржан во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Share via
Copy link