fbpx

Полициски билтен: физички напад во Радовиш,казни за неносење маска

 Полициски билтен: физички напад во Радовиш,казни за неносење маска

Вчера во 15:50 часот во Полициска станица Радовиш В.К.(63) од Радовиш пријавил дека околу 15:15 часот на плоштадот во градот  бил физички нападнат од К.Ч. од Радовиш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28.04/29.04.2021), по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 20 лица не ја почитувале, од кои 12 во Гевгелија, 5 во Радовиш, 2 во Струмица и 1 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link