fbpx

Полициски билтен: гореле тополи во радовишко, пронајдена марихуана во Богданци

 Полициски билтен: гореле тополи во радовишко, пронајдена марихуана во Богданци

На 22.03.2024 во Полициската станица Радовиш, А.А. од село Подареш, радовишко, пријавил дека на место викано „Буков дол” во атар на село Подареш настанал пожар во кој биле опожарени канадски тополи. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

На 22.03.2024 во 19.40 часот во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода С.М.(19) од Богданци, А.С.(23) од село Црничани, дојранско, М.М.(46) од Богданци и В.Д.(19) од Богданци затоа што при преглед кај нив, кај С.М. била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link