fbpx

Полициски билтен: кражба, сообраќајка во Дојран,физички напади

 Полициски билтен: кражба, сообраќајка во Дојран,физички напади

На 29.04.2024 во 18.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.Д.(25) од Струмица. Тој  се сомничи дека истиот ден извршил кражба во магацин во село Дабиле, струмичко, при што одзел повеќе предмети. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и кај него биле пронајдени украдените предмети, кои се вратени на сопственикот.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.04.2024 во 21.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н.(70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

На 29.04.2024 во 22.20 часот во Полициската станица Радовиш, Ѓ.А.(21) од Радовиш пријавил дека околу 21.00 часот на ул.„Блаже Конески“ во Радовиш бил физички нападнат од М.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Струмица, В.Ѓ.(61) од село Василево, струмичко, пријавил дека околу 20.30 часот во продажен објект во село Василево бил физички нападнат од Љ.Н. и А.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 22.15 часот во Полициската станица Струмица, Љ.Н.(35) од село Василево пријавил дека бил физички нападнат од К.„Н“.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link