fbpx

Полициски билтен: Откриен сторителот на сообраќајката во Струмица, регистриран и физички напад

 Полициски билтен: Откриен сторителот на сообраќајката во Струмица, регистриран и физички напад

На 07.04.2021 во 19:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„4-ти Јули“ во Струмица, патничко моторно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(18) од Струмица, удрило во пешакот В.Б.(20) од с.Русиново, беровско.

Во незгодата, В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

На 07.04.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Струмица, А.Г.(65) од Струмица пријавил дека околу 13:10 часот во неговото дворно место бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link