fbpx

Полициски билтен: пожар во радовишко, физички напади во Струмица

 Полициски билтен: пожар во радовишко, физички напади во Струмица

На 12.08.2021 година во 13:55 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека во простор помеѓу село Дамјан и село Ињево, радовишко, настанал пожар во кој била зафатена сува трева и нискостеблеста вегетација. Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На 12.08.2021 година околу 22:20 часот во Полициска станица, С.М.(26) од Струмица пријавил дека околу 11.00 часот на улица „Бошко Буха“ бил физички нападнат од Ф.Ш. од Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 13.08.2021 година околу 06:30 часот во Полициска станица, М.Ц.(28) од село Штука, струмичко, пријавил дека околу 05.00 часот пред угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од едно лице. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link