fbpx

Полициски билтен:11 возачи не почитувале право на првенство на минување, 56 лица без маски

 Полициски билтен:11 возачи не почитувале право на првенство на минување, 56 лица без маски

Вчера во периодот од 07:00 до 12:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица е спроведена акциска контрола за откривање на  прекршок за непочитување право на првенство на минување. Во акцијата се констатирани 11 прекршока, од кои еден по акциската контрола и 10 останати прекршока, кои се соодветно санкционирани.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28.10/29.10.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 56 лица не ја почитувале, од кои 20 во Радовиш, 17 во Струмица, 11 во Валандово и 8 во Гевгелја и ќе следуваат соодветни мерки

Share via
Copy link