„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:два пожари во еден ден кај Николиќ, ограбена обложувалница во Струмица
На 17.08.2021 година во 11:40 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека настанал пожар во близина на село Николиќ, дојранско, во кој била зафатена депонија и нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат од екипа противпожарна единица Дојран, а повредени лица нема.
Истиот ден во 17:00 часот во Полициско одделение Дојран поврторно бил пријавен пожар на место викано „Депонија“ во атар на село Николиќ, во кој горела дабова шума, смрека и сува трева. Од екипа на Територијална противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Струмица.
На 18.08.2021 година околу 04.35 часот во СВР Струмица било пријавено дека во обложувалница на ул.„Младинска“ две лица со закана и физички напад врз вработениот одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.